Си го удрила зетот со чаша станал и ја претепал - крвава завршница на семејна драма во Скопје

Збеснат скопјанец ги крвнички ги истепал родителите на својата сопруга, бидејќи му се мешале во разводот.

Од МВР информираат дека инцидентот се случил вчера попладне во стан на улицата „50. дивизија“. Скопјанецот Н.Ц. (50) се расправал со неговата 10 години помлада сопруга А.Ц., која на помош ги викнала своите родители. Родителите на А.Ц. пристигнале и тогаш расправвијата уште повеќе се вжештила. Мајката на А.Ц., информираат од полицијата, во еден момент, земала чаша и со неа го удрила својот зет во глава. Н.Ц. се збеснал и со тупаници ја нападнал мајката, а потоа и таткото на неговата сопруа.

Според полицијата, причина за пресметката била кавгата околу бракоразводната парница на Н.Ц. и А.Ц.

Од полицијата најавуваат соодветни пријави за учесниците во инцидентот.

најчитано сега