Корисни совети за убава и здрава кожа
Хидрирајте ја кожата - На лицето и телото нанесете соодветна крема за да ја нахраните својата кожа. На овој начин ќе ја обновите хидролипниот филм кој ја прекрива епидермата. Не заборавајте дека сите типови на кожа бараат хидратација.
Пилинг од лимон - Лимоните се богати со витамин Ц, кој е силен антиоксиданс. Измешајте 1 лажица шеќер со малку лимонов со, а потоа со смесата нежно тријте го лицето, но избегнувајте го подрачјето околу очите. Потоа само измијте се со топла вода.
Вода - За убава кожа,вашето тело бара доволно количина на течности. Пијте многу вода, отприлика осум чаши дневно.
Домашен пилинг за тело - Измешајте кафен шеќер, ладно цедено маслиново масло и малку мед. Оставете ја смесата да делува на телото неколку минути пред да се измиете со топла вода, а потоа исушете го телото со нежно тапкање со крпа.
Антиоксиданси - Намирниците богати со антиоксиданси како што се боровинката го смируваат кожното воспаление и борите против слободните радикали.
Добар сон – Со добар сон вашата кожа ќе сјае со здравје. За да остане здрава, експертите препорачуваат измеѓу 6 и 9 часа сон.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа