Катар и Франција во борба за златото

 

Репрезентациите на Катар и на Франција ќе го играат последниот натпревар на 24. Светско првенство во ракомет што се одржува во Доха, Катар.

Ако пласманот на Франција можеше и да се предвиди, тогаш учеството на Катар на завршниот натпревар е секако голема сензација. Не дека овој состав нема квалитет, но едноставно максимално ја искористија шансата наречена домашен терен. Самиот пласман во финалето за Катар е најголем спортски резултат во екипните спортови, додека за „триколорите“ се освен финале ќе беше непријатно изненадување.

На теренот Франција делува моќно, а тоа најдобро го почувствуваа Аргентина и Словенија во нок-аут фаза, како и актуелниот светски првак Шпанија која мораше да му честита на моќниот ривал.

Французите ќе бркаат „хет-трик“ покрај европската и олимписка титула да ја додадат и светската нешто што само тие имаа во 2010 година.

Двете репрезентации веќе имаат изборено пласман на следното Светското првенство 2017 година, Франција како домаќин, а Катар според пласман.

Новиот светски шампион ќе освои и награда вредна 100.000 американски долари, како и „карта“ за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Франција ќе се обиде да ја освои својата петта титула светски шампион по 1995, 2001, 2009 и 2011 година.

Пред Светското првенство во рамките на „Златната лига“ Франција го победи Катар со 29:23.

Почетокот на финалето е во 17:15 часот во Лусаил Арена, а од 14:30 е дуелот за третото место каде ќе играат Шпанија и Полска.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега