Топ 10: ДАРКО ПАНЧЕВ

 

1. Од се срце му посакувам, и го молам бога да ми се исполни желбата, Ерол Ризаов да биде ставен во притвор 7-и-пол месеци. И, после тоа искуство, да го спореди со домашниот притвор за Кежаровски.

Молам бога да не биде во притвор заради оддавање тајна со кое е спречено осудување на платени убијци што за 10.000 долари во среде село убија недолжен старец.

Инаку Ерол не е толку неопитен.  Дома кај брата си може да праша која и каква е разликата помеѓу притвор и затвор. И да констатира дека домашен притвор е награда, а не репресија.

 

2. Оливера Војновска, новинарка која е набркана од Утрински заради непрофесионализам, подметнување и спинување во своите текстови, ги “провери фактите“ за емисијата на Јанко Илковски каде гостин беше Премиерот Груевски. На кратко, таа како најрелевантен факт ја зема “Светската книга на фактите“ што ја издава ЦИА. ЦИА, да потсетам е организацијата што апси без налог, држи во притвор бескрајно и измачува луѓе со ѕверски методи невидени до сега.

Натаму, Оливера се повикува на маршевите во Македонија  кои се наводно организирани против сиромаштијата. Не знам за кој точно марш се работи, ама на оние што ги гледаме се сиромасите од типот на Шилегов со куки, станови, уметничи слики и злато. Или на оние каде што е Радмила Шекеринска со киријата од 5.000 евра.

Оливера исто ака вели дека “секој трет човек во Македонија живеел во беда“. Баш овие денови ги проверив кафеантите низ Македонија, место не може да се најде да се седне. Бензиските се полни со автомобили каде се точи гориво. За празници по 50-тина илјади сонародници одат во Грција. Оти се бедни, претпоставувам.

Крајно, Оливера тврди дека неколку стотина илјади луѓе во последниве две децении ја напуштиле Македонија во потрага по подобар живот! Нејасно е по каков живот неколку милиони луѓе од членките на ЕУ и НАТО како Полска, Бугарија и Романија ја напуштаат својата земја. Или, по каков живот младите Новозеланѓани ја напуштаат својата татковина.

Би го запрашал проверувачот на факт Зоран Бојаровски Коко, кого го сметам за одличен новинар, кои се фактите кај колешката му Оливера? “Рече ми један човек“ ли се аргументоте?

 

3. Лепотанот Героски, на 29-ти минатиот месец, на страниците на својата веб страна, смета дека е резил да се исцензуриран насловна страница (Вест)! Три дена пред тоа, на 26-ти, на истата своја страна, истиот овој Убавец со “урокљиве очи“, пишува: “...оти по телефон „уредуваше“ телевизиски прилози, во паузите додека ловевме плашица во каналот Студенчишта“. Говори за Велија Рамковски, каде со години Лепотанот му беше подопашник. Па така, според зрикавиот светоглед на Убавецот, она од Студенчишта не е резил, ова од Зебра е ептен резил! Доследно, нема што!

 

4. Ме интерсира, уредников Пиже, како ја примил наредбата да ја смени насловната на “неговиот“ Вест? Кој му се јавил? Кој му се заканил? Кој му наредил? Керим или Орце? “Храбрите“ новинари на таблоидов, одлучија храбро и громогласно да одмолчат.

 

5. Убавецот Бранко Героски тврди дека во времето кога тој работел (во време на СФРЈ) во неделникот „Комунист“ на Ристо Лазаров, партиското гласило на Тито и СКЈ бил нешто како лондонски „Гардијан“...“!!!

Лично мислам дека е доцна, но ајде дајте да собереме пари за да купиме авио билет?! Од САД  да го донесеме Др. Горазд Росоклија. Оти само врвни стручњаци психијатри можеби можат да му помогнат на пациентов комунистички. Бидете хумани, донирајте.

Уште повеќе што убавецот Героски пред некој ден напиша  дека се самозадоволува (онанира, дрка...) на слика од возрасен маж. Первер абадал.

 

6. Господ, а и правдата се спори, ама го стигнуваат проколнатиот. Семејството на комшијата Драги (од кај Песталоци) уште од минатиот век го колне Зорана Верушевски. Синот на Верушевски, пред ТЦ Буњаковец го избоде со нож и го уби малолетниот син на Драги. Верушевски ги направи сите протисоци, закани и уцени, па син му беше ослободен од било какво обвинение. Наводно, било “докажано“ дека убиениот се набодел на ножот на Верушевски “јуниор“. И така, повеќе пати. Правдата и Господовата казна ги стигна. Мајката на убиецот е упасена откако предходно, како најдолен криминалец, ги џиткала телефоните низ прозорец. Убиецот се терети за кривично дело со детска порнографија (на таквите осуденици јасно е што им се прави во затвор од страна на затворениците). Конечно, “главата“ на Фамилијата се соочува со доживотен затвор. А бе, “другарчето“ од горе бава, ама не забрава.

 

7. Кога 3.000 граѓани револтирани зошто Зоран Заев работел во корист на странски шпиунски служби ќе се соберат пред Собранието, тогаш тоа е ТОЛПА. Кога неколку стотина лезилебовичи, безработници и корисници на странски валкани пари ќе се соберат пред ГТЦ или ќе седнат на столчиња пред Собранието, тогаш тоа е ДЕМОКРАТСКИ ДОСТРЕЛ. Нормално, сето ова според “критериумите“ на соросоидното новинарство.

 

8. Само крајно лицемерен и болно себичен човек може, доколку ги има, доказите за наводниот криминал на Груевски, да не ги користи во интерес на државата и граѓаните, туку во своја лична корист. Доколку кај Груевски, или било кој друг, имало било каков криминал, секој граѓанин на Република Македонија, а особено лидер на опозиција, мора веднаш да ги обелодени пред јавноста и да ги достави до обвинителство. Ропакот Заев, како провинциски џилкош, како некој џамбас што се бави со препродажба на коњи, мазги и мулиња, се обидел да уценува во своја корист. Тоа се вика рекетирање. Тоа се вика изнуда. Тоа се вика глупак на дело.

 

9. Акцијата “Пуч“, за мене, е најбитна по тоа што на виделина ги исфрли сите одработувачи на странски агенди за странски пари.  И тоа на купче. Да не мора да се гугла, да се бараат постови, изјави, колумни... Туку сите си се самонатопурчија. Северно од нас  би рекле: “Не пада снег да покрије бријег, него да свака звер покаже свој траг“. Па ете ги на купче: Владе Милчин, Ерол Ризаов, Бранко Лепотан Героски, Петрит Сарачини (Амон Сра), Жерновски, Најчевска, Ѓорги Спасов, Пивоваров, Арсен Зеколи, Едмонд Адеми, Ацо Дува на полноќ Кабранов... Групна фотка на грчки платеници. Јас ве знаев и постојано ве мавав, сега ве знае цел Македонија дека сте на платниот список на грчките тајни служби. Нека ви служи на чест. Поколенијата ваши ќе се срамат од вас.

 

10. Колку што ме држи сеќавањето, Дарко Панчев во 90-тите си имаше проблем со Паладиум, со сопругата и со партнерот (манекен а потоа и сопственик на бодигард агенција) на сопругата. Со Миленко немал. Нема ниту едно место каде Миленко изјавил дека Панчев се дрогира.

Но затоа Миленко е единствен македонски новинар со интервју за македонски медиум (Телевизија Скопје) со Дарко Панчев како фудбалер на Црвена Ѕвезда. Во неговиот стан во Белград.

Исто таа, Миленко има и единствен од Македонија интервју (за А1 ТВ) со Дарко Панчев како фудбалер на Интер во Милано. Во неговата куќа во среде ексклузивни голф терени.

И да не заборавам, дека повремено ја ангажирав неговата сегашна сопруга (и брат и) да пеат по кафеани каде ги прославував успесите и победите на ФК Скопје

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега