Комарците го напуштија Штип

Општина Штип утринава изврши земјено  прскање против комарци. Портпаролот на градоначалникот на Општина Штип, Милена Ристова-Михајловска изјави дека запрашувањето против комарците е извршено во периодот од 5 до 7 часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

- Со дезинсекцијата се опфатени зелените површини во општина Штип,  подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети, истакна Ристова-Михајловска.

Општина Штип годинава самостојно го врши прскањето против комарци за разлика од минатата година кога општините од Брегалничкиот регион заеднички ја спроведоа акцијата. Општина Штип прскањето против овие инсекти ја чини околу еден милион денари. 

најчитано сега