Шеќеринска оди во Хрватска
Пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска ќе учествува на коференцијата „Обликување на Европа, добредојде Хрватска!“ што се одржува во Загреб, а е организирана по повод влезот на Хрватска во Европската Унија.
Конференцијата, како што соопшти денеска СДСМ, ќе ја отвори поранешниот претседател на Србија и почесен претседател на Демократската партија (ДС), Борис Тадиќ. Панелисти ќе бидат и министерот за надворешни работи на Бугарија, Кристијан Винегин и шефот на Комитетот за евроинтеграции во Хрватскиот Парламент, Даниел Мондекар.
Теми на дискусија во рамки на конференцијата ќе бидат членството на Хрватска во ЕУ и консеквенции за Хрватска и регионот, проширувањето на ЕУ и регионалната соработка, како и 20-годишнината на Европскиот форум, рефлексии и перспективи.
Конференцијата е во организација на Фондацијата за европски прогресивни студии (ФЕПС), Европскиот форум за демократија и солидарност, Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП) и Политичката академија „Ново друштво“.
ФОТО: А1Он