МВР ја стресе битолската Пошта - притвор за директорот кој крадел од мензата
Директорот на битолската подружница на Македонска пошта АД Скопје, заработи триесетдневен притвор поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластувањата.
Полицијата се сомничи дека директорот Е.А. (43) во период од јули – август 2012 година, на вработените во Поштата им наредил да извршат утовар на основни средства во менза – кујна и бифе, во камион кој тој претходно го обезбедил.
Директорот си ги присвоил натоварените предмети и ги однел во непознат правец. Е.А. ја оштетил Македонска пошта за 486.741 денари.