Вашето момче обожава да се слика? - Променете го веднаш
Имаме лоша вест која всушност и треба да ве исплаши. Дури и ако е тој многу сладок, убав и фотогеничен – бегајте од него!
Психолозите имаат сериозно предупредување за девојките: Мажите кои објавуваат многу селфи фотографии се најверојатно нарцисоидни личности, а можно е дури и да се психопати. Еве што велат експертите, зошто се толку сигурни во своите остри тврдења.
Ние денес живееме во ера на селфи фотографии и се фотографираме буквално секогаш и секаде. Меѓутоа, вистината е дека навистина е ретко кој од овие автопортрети всушност е направен случајно и спонтано токму во моментот кога авторот на фотографијата навистина лудо се забавувал. Ова посебно важи за мажите, кои за разлика од жените поретко се сеќаваат да го одбележат моментот.
Тоа што се сетил да го извади телефонот или апаратот и одлучил да се фотографира не е страшно. Меѓутоа, кога некој опсесивно се фотографија, па потоа со часови ја обработува фотографијата и на крајот ја објавува на социјалните мрежи или ви ја праќа на телефон – дефинитивно не се однесува вообичаено и нормално.
Научниците ги добиле овие заклучоци врз основа на психотестови на личноста, односно врз 800 мажи на возраст од 18 до 40 години, активни на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и други социјални мрежи. Крајниот резултат покажал дека мажите со докажаните психички пореметувања далеку почесто објавуваат селфи фотографии, за разлика од обичните непроблематични момци.
Притоа, се покажало дека оние мажи кои губат време на обработување фотографии пред да ги објават се најчесто нарцисоидни личности, додека оние кои импулсивно и неселктивно објавуваат една по друга фотографија со голема сигурност се – психопати.
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа