Северина, Весна Змијанац... - кои ѕвезди имаат само основно образование?

 

Прашањето кое медиумите од време навреме сакаат да им го постават на ѕвездите, без разлика на нивните професионални успеси, е кое е нивното образование. Одговорите се навистина разнолики, верувајте ќе се изненадите!

Неда Украден е најверојатно академски најобразована на српската сцена. Таа има дури две дипломи и тоа од Правниот и Филолошкиот факултет. Зорица Брунцлик има диплома од Правниот факултет во Ниш, а Здраво Чолиќ од Економскиот факултет во Сараево. На естрадата има и такви кои ќе ве изненадат со своето образование. Милан Калиниќ е дипломиран пилот, а Адил Максутовиќ дипломиран криминолог.

 Музички најпотковани се Жељко Јоксимовиќ, Биља Крстиќ и Зорана Павиќ. Тие завршија Музичка академија.

На листата со завршено само средно училиште се Дара Бубамара со сообраќајно, Цеца Ражнатовиќ со земјоделско, Драгана Мирковиќ и Мира Шкориќ трговско, Џеј Рамадановски и Синан Сакиќ завршија во електро-технички училишта. Ера Ојдановиќ остана само на основно образование. Без средно училиште останаа и, верувале или не, Северина, Злата Петровиќ, Љуба Аличиќ и Весна Змијанац, која покрај тоа заврши и дактилографски курс.

Извор: ВИСТИНА

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега