„Не сум светица, ја ценам поддршката, а не сожалувањето”- потресни мемоари од мајка на смртна постела

 

Со 36 години, Кејт Грос постигнала многу повеќе од други луѓе на нејзини години. Како дипломиран филолог работела како секретарка на премиерот, се занимавала со хуманитарна работа, а била и сопруга и мајка на две деца.

 

Кога имала 4 години, ѝ бил дијагностициран агресивен колонален рак кој не можел да се лечи и Кејт починала тивко во својот дом на 25 декември 2014 година. Додека била болна, одлучила да напише книга, како подарок за себе.

Во својата книга оставила наследство по кое би ја помнеле, кое не сакала да го исполни со патетики, ниту да потсетува на конвенционалните мемоари на болни од рак.
„Кога ми кажаа дека боледувам од неизлечив вид на рак настапи агонија. Се сеќавам на зборовите кои ги мислев: ’Не уште, не уште, не сега, никако’. Се видов себе си како заминувам со црна лимузина од фантастична забава на која сите лудо си поминуваат.“

„Се сеќавам на својот сопруг Били на кого срцето му беше целосно скршено. Моите близнаци, прекрасни момчиња, на кои срцето им беше скршено поради сознанието дека мама веќе нема да може со нив да оди на пливање. Тоа го уништи нивниот свет. Сосема.“

„Што се случи потоа? Не ме совладаа ни тагата ни агонијата, но станаа составен дел од мојата личност. Дел од мене.“

„После некое време, расположението ми се врати. Просто, сите се вративме во текот на нормалниот живот и секојдневните активности и ги потиснавме грижите и маките. Научив да живеам со својата ’Ахилова пета’, а се испостави дека јогата е најдобар начин да се оттргнат мислите од лошите работи и да се насочат кон оние добрите.“

„Сите мои пријатели, моето семејство, фамилијата... сите се надевавме дека лекарите сепак ќе пронајдат решение, се фаќавме за трошка надеж. Сепак, не. Ми велеа дека изгледам одлично, иако знам дека не е така. Ве молам, немојте да ме третирате како светица која го напушта светот за кој толку се жртвувала. Јас не сум тоа.“

„Немојте да се однесувате кон мене како да си одам. Како ова да е последниот заеднички момент во кој живееме заедно. Ја ценам поддршката, не сожалувањето.“

„Изненадена сум од количината на емоции и исповеди со кои ме опсипуваат луѓето. Разговараат со мене за своите мајки, сестри, деца. Ми ги отвараат своите души, сосема искрено и без резерви. Тука сум да ве сослушам, но сакам да слушнам добри вести. Сакам да слушнам дека сте добиле подобра работа, дека сте се заљубиле. Сакам да слушам за ситни, неважни работи.“

„И јас вам ќе ви зборувам за своите неважни работи. За тоа како имам буцмасти бутови и дека сум воодушевена од чоколади.“

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа