ФОТО: Бизарно, но вистинито- 50 години живеел со дел од автомобил во себе
Артур Лампит во 1963 година доживеал сообраќајна несреќа додека го возел својот автомобил „Ford Thunderbird“, но за среќа поминал без последици опасни по живот.
Кога го однеле во болница, докторите се фокусирале на скршениот колк, па не обратиле внимание и не забележале дека во раката има зариено дел од автомобилот.
Неверојатно, но во подлактицата му се забила рачката за активирање на трепкачите, а околу неа се создал заштитен џеб и Артур и докторите не забележале дека нешто не е во ред.
Поминале години и години по несреќата, а кога еден ден Артур требало да патува со авион, детекторите за метал на аеродромот се активирале додека поминувал низ нив.
Токму таа случка довела до откривање на заборавената рачка, по што му била хируршки отстранета.
Денес Артур живее нормален живот и нема никаков метал во себе.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа