Сигурно не знаете дека и ова е симптом на рак

 

Киселините во желудникот, кои траат три седмици или подолго, а ве мачат речиси секојдневно, можно е да бидат симптом на рак. Овој податок е објавен во рамки на британската кампања за подигнување на свесноста за ракот, пишува Mirror.

Истражувањето кое се спровело по нарачка на Заводот за јавно здравство на Велика Британија, покажало дека само 55 проценти на луѓето посетуваат лекар во случај на повеќенеделни желудочни киселини, а ваквата појава често може да биде знак за рак на хранопроводот или желудникот. 

Раното дијагностицирање на овој вид на рак е многу важно и ја зголемува веројатноста за успешно лечење. Околу 67 проценти од луѓето на кои им се дијагностицира оваа болест во најраната фаза прежувуваат уште најмалку 5 години, но бројката опаѓа на само 3 проценти за оние на кои ракот им се дијагностицира веќе во поодмината фаза.

Истражувањето спроведено на група од 1046 луѓе покажало дека 59 проценти од испитаниците воопшто не знаат дека желудочните киселини може да бидат знак за рак, а само 15 проценти од нив кажале дека се сигурни дека тоа е симптом.

Уште еден симптом кој е истакнат во кампањата е отежнатото голтање на храната. Анкетата покажала дека дури 70 проценти од луѓето не знаат дека и ова може да биде знак за рак, додека на 13 проценти овој факт им бил познат.

Извор: Идивиди

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега