ЕУ: Протестите во Приштина се порака до институциите да се разбудат

Канцеларијата на ЕУ на Косово денеска изрази загриженост поради протестите, кои во вторникот се одржаа во Приштина, нагласувајќи дека тие претставуваат порака до институциите да се разбудат.

- Мирните протести се основно и неотуѓиво демократско право на граѓаните. Тоа е демократски начин преку кој граѓаните испраќаат порака до нивните политички лидери. Сепак, насилството е неприфатливо, бидејќи тоа е секогаш штетно и во загрозува демократскиот простор. Поради тоа, во интерес на оние кои организираат протести и оние кои протестираат е да се дистанцираат од насилства...Масовните протести, како оние од минатата сабота, се знак на фрустрација на граѓаните од состојбата на Косово, соопшти Канцеларијата на ЕУ.

Како што се додава, честопати истите причини ги тераат граѓаните да бараат работа надвор од земјата или да станат жртви на незаконска миграција.

- Протестите испраќаат порака и можеби треба да ги разбудат политичките институции по пат на социјален дијалог меѓу социјалните партнери. Косово има потреба да најде заеднички јазик за да делува во правец на економски развој и зајакнување на судството. Ние ги поддржуваме политичките лидери на двете страни, власта и опозицијата, да ги здружат силите. Најприфатливо место за такво нешто е Парламентот, смета Канцеларијата на Унијата.

Во Приштина пред два дена се одржаа повеќечасовни антивладини протести, за време на кои дојде до жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата, со повеќе десетици повредени лица, а косовските власти оценија дека тоа бил обид за нивно насилно соборување. 

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега