Секој ден граѓаните им плаќат по 3000 денари - тие 9 месеци седат дома
За седење дома пратениците на СДСМ ја потрошија државата околу 400.000 евра. Иако ниту еден ден не се појавија на работа, опозициските пратеници, секој месец редовно си ја земаат платата а ниту еден од нив како морален чин не се решил барем да донира дел од приходите кои ги добива без да работи практично ништо.
За една пратеничка плата граѓаните одвојуваат по околу 3000 денари дневно или нешто помалку од 90.000 денари месечно. Математиката вели дека тоа е колку 4 просечни плати во Македонија или скоро годишна плата за некои работници кои работат во компании од дејностите со најниски примања.
31 пратнеик на СДСМ 9 месеци не се појавил во Собранието. Повеќе медиуми објавија дека опозицискиот лидер во неколку наврти им порачал на своите пратеници да не се враќаат на работа бидјеќи во секој случај ќе си ја примаат платата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа