Полицијата гледа низ ѕидови: Веќе ни дома не сте на сигурно!

 

Десетина полициски агенции на САД, вклучувајќи ја и ФБИ, користат радарски уреди кои им овозможуваат да гледаат низ ѕидови за да можат да ја следат активноста на луѓето.

Тоа што ја загрижува тамошната јавност е дали е сето тоа легално.  Агенциите ги користат овие радарски уреди веќе две години и тоа без да ја известат јавноста. Тајноста на уредот го отвори прашањето дали Четвртиот амандман на Уставот на САД ги штити граѓаните од овие полициски претреси без налог.

 „Проблематична е самата идеја дека владата може да види што правите по дома“, вели Кристофер Согојан од Американската унија за граѓански слободи.

„Оваа технологија е една од најнаметливите што ги поседува владата.“

 Уредот познат како Range-R користи радиобранови за да детектира движење, па дури и дишење на оддалеченост од 15 метри.  Range-R е производ на фирмата Л-3 комуникешјшнс, а детектира тридимензионално движење од другата страна на ѕидот. Полициските агенции имаат купено околу 200 уреди по цена од 6.000 за парче. 

Твитерџиите веќе гласно ја критикуваат употребата на овој уред. 

 

Федералните полицајци се одлучија да ја игнорираат одлуката на Врховниот суд против користењето на радарските уреди за гледање во домовите на граѓаните.  Овој уред првпат е употребен во текот на војната во Ирак и Авганистан, што значи дека е уште еден од многуте воени алати кој се користи во полицијата на САД.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега