Заев: Потребно ни е единство во партијата

 

Сакам да го изразам моето големо задоволство, да се заблагодарам за голема помош и  за поддршка, како овој конечен чин, на Иницијативниот одбор.

 Навистина сум радосен човек, од проста причина, ни треба помош, ни треба единство во партијата за да ги демонстрирам сите политички платформи и политики на најголемата опозициона партија.

 Знам дека оваа поддршка што денес ја добивме е искрена и во интерес на партијата. Знам, дека овие луѓе, секогаш биле во првите борбени редови во партијата, овие луѓе секогаш биле нашето лице како социјалдемократи. Знам дека во иднина ќе останат чувари на огнот на партијата. Се надевам дека поддршката која во иднина ќе доаѓа, посебно мотивирани од ваквите исчекори, ќе значи силен, победнички СДСМ и надеж во очите на граѓаните.

 Го поздравувам овој чекор, ја користам и можноста да ги поздравам сите членови кои што се потпишаа на Иницијативата за поддршка, и денес, сум радосен за овој чин, кој што претставува израз на поддршка кон својата партија и сегашното раководство на СДСМ.

Интегрален текст од изјава на Заев.

најчитано сега