ИХФ пресече: Деветтото место на Македонија не носи квалификации за Рио
Во текот на денешниот ден се појавија информации дека пласманот на 9-то место на Македонија во Катар би можел да донесе и учество на предолимписки турнир, но истото беше демантирано од страна на претставниците на ИХФ со кои контактиравме во Доха, пренесува ЕКИПА.мк.
-Претставниците на Светската Ракометна Федерација што ги контактиравме во текот на денешниот ден децидно ставија до знаење дека Македонија не може да се надева на ваков развој на настаните. Имено, светската куќа на ракометот е со став дека осмата репрезентација би можела да добие пласман, врз основа на пренесување на правото од една европска селекција на друга. Проблем за нас е случајот со Катар, за кој челниците на ИХФ се децидни дека доколку Катарците станат прваци на својот континент, тие својот предолимписки билет ќе го доделат на вицешампионот на Азија, пишува ЕКИПА.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа