Вугринец: Ќе направам се за да влеземе во 1/4 финалето
Роберто Вугринец денеска ќе го има најтешкиот натпревар на овој мундијал бидејќи игра против својата земја.
- Словенија е прва, Македонија ми е втора татковина. Не знам, сега веднаш по пласманот во осминафиналето ми е малку тешко да мислам на тоа.
Стручниот штаб оцени дека Словенија ни е подобрата опција за 1/4 финале. За Словенија имам 200 настапи и не знам колку голови, но ете таква е судбината.
Ништо, играм за Македонија и ќе дадам сè, како вистински професионалец за тој натпревар да го добиеме. Ќе видиме по два дена кој ќе се радува. Тоа е натпревар, јасно кога ќе помислиш тогаш се мешаат емоции, но реков, јас сум сега во Македонија и ќе направам сè за да победиме и да се пласираме во 1/4 финалето, рече е Вугринец.
За потсетување, македонските ракометари денеска во 16:30 часот ќе играат против Словенија.
Извор: македонски спорт
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа