Македонија и Словенија во битка за четвртфинале на Мундијалот во Катар

 

Репрезентациите на Македонија и на Словенија попладнево од 16 часот и 30 минути, ќе се борат за пласман во четвртфиналето на ракометниот Мундијал во Катар. 

Ова за македонската репрезентација е второ осминафинале по ред откако пред две години во Барселона бевме елиминирани од Германија. На тој шампионат Словенија играше во полуфиналето и го освои 4. место.

На официјалните натпревари овие две селекции имаат одиграно три дуели. Во баражот за Европското првенство 2008 година Словенија постигна две победи, а на ЕП 2012 година во Белград Македонија победи во дуелот за 5. место со 28:27.

Ова воедно ќе биде и дуел на двајца од тројцата најдобри стрелци на шампионатот, Драган Гајич (Словенија) води на листата со 43 голови, а Кирил Лазаров (Македонија) е трет со 38.

Лазаров е најуспешен по бројот на голови и асистенции во првата фаза со 56 (38 голови + 18 асистенции). 

Натпреварот Македонија – Словенија се игра во „Али Бин Хамад Алатијах Арена’’, каде нашата репрезентација на трите натпревари кои ги одигра во групната фаза забележаа три победи.
 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега