Паника во Велес: Се очекува зголемување на нивото на Вардар

За два до три часа се очекува нивото на реката Вардар во Велешкиот регион да нарасне. Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување е на терен и, како што информира, заедно со локалната самоуправа ја следи состојбата.

Информирано е и населението, а Општина Велес има ангажирано машина во Башино село за расчистување на речните наноси и расчистување на речното корито околу мостот во селото.

Преку Дирекцијата се ангажирани градежни машини за справување со непогодите - во Штип багер за правење одбранбени насипи и расчистување, во Карбинци уште две машини, во Конче - Радовиш утоварна лопата и камион, во Крива Паланка една градежна машина. Во Ново Село Штипско се поставени 1.000 вреќи за да се спречи натамошно продирање на водата, додека во Гевгелија е поставена цистерна со питка вода во случај да е загадена водата во водоводот.

Во Куманово излеаната вода е стигната до меморијалниот споменик на АСНОМ во Пелинце.

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во земјата, постојано контактира со локалната самоуправа и е подговена, ако има потреба, да активира дополнителна механизација за отстранување на последиците од врнежите.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега