Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
Вработените на Клиниката за Токсикологија добија забрана да разговараат со новинари и да даваат изјави за медиумите.
Организациската директорка на Клиниката, Бесија Иљази донела наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите да даваат изјава без нејзина согласност.
-Клиниката ја донесе следната Наредба: За забрана на неовластено присуствување, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично со што би се нанело штета на интересите на угледот на клиниката.Средба со новинари, други медиуми само со претходно известување на в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи а санкционирање“, стои во наредбата.
Ова доаѓа откако Иљази вчера им додели решенија за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски.
Дали е ова законски ДСЗИ ќе проверува деновиве. Од минатиот четврток 18-те лица повторно почнале да извршувааат работни задачи на Клиниката, иако за дел од нив јавно беше посочено дека немаат соодветно образование.
Истите преку писмена изјава објавена од министерството за здравство изнесоа обвинувања за професорот Нико Беќаровски дека ги навредувал на етничка основа зошто се Албанци. Тој негираше и најави тужби, а зад него застанаа речиси сите лекари и најголемиот дел од вработените на Токсикологија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа