Дадиќ не може да се помири со смртта на Монтено: Ми беше како помал брат!

Кантавторот Арсен Дедиќ е неутешен по смртта на Кемал Монтено, затоа што биле многу блиски и сродни души.

-Тешко ми е да зборувам за него, имам чувство како да ја распродавам неговата трагедија. Тоа беше пријателство во кое никогаш не падна ниту еден лош збор, никогаш немавме ниедно недоразбирање", вели Дедиќ, кој со Кемал честопати и соработувал.
 
Дедиќ раскажува како тие двајца се запознале и колку нивното пријателство било искрено.

-Се запознавме уште пред да стане полнолетен и остана еден од моите најдобри пријатели. Всушност, ми беше како помал брат. Тоа не се смени се до вчера", со тажен глас рекол Дедиќ (76) и додал дека чувствува длабока и искрена тага заради прераното заминување на Кемо.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега