ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА: Монструмот лаже, а сите чекаат најстрога казна

Целиот Балкан бара смртна или најстрога можна законска казна за монструмот од Србија кој безмилосно ја уби малата Тијана.

Но, наместо правдата што поскоро да излезе на виделина, процесот тапка во место. А злосторникот Драган Ѓуриќ лаже и ги менува исказите.

Вчера балканските медиуми пренесоа дека убиецот изјавил дека бил многу пијан кобната ноќ и дека затоа го направил делото.

Монструмот претходно тврдеше дека седел во кафеана и испил само една ракија. Сега го смени исказот велејќи дека испил многу пиво, па затоа не знаел што прави.

Како што пренесува српскиот Курир, сега треба одново да се почне истрагата, за да се провери вистинитоста на неговата изјава.

Ќе се утврдува кога лажел, каде бил пред злосторството и колку бил пијан. Но, за разлика од на судот, овие информации на јавноста не и се воопшто важни.

Голем револт настана по информацијата дека се треба да почне одново.

За потсетување, монструмот ја силуваше, удри со автомобил, задави и закопа 15-годишната Тијана. 

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега