Во демиркаписко Бистренци се следи состојбата со поројните дождови

Вечерва е формиран кризен штаб во демиркапиското село Бистренци, откако претходно населението повеќе часа беше мобилизирано за санирање на последиците од поројните дождови кои го зафатија регионот.

- Го оспособивме за движење патот кон Демир Капија кој беше непрооден поради наносите од надојдената Шичка Река. Но проблем се уште останува непроодниот пат кон Неготино преку неготинското село Војшанци, бидејќи Липска река го урна мостот преку кој се движевме, информира претседателот на месната заедница, Живко Шипинковски.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега