Невреме во цела Македонија - еве каде наврна најмногу дожд
Делови од источна Македонија од изутрината се зафатена од невереме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина и до 100 километри на час.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, nајмногу дожд од 7 до 13 часот има наврнато во Пожар 55 л/м2, во Крива Паланка 39 л/м2, во Демир Капија 38 л/м2, во Штип 34 л/м2 , во Виница 18 л/м2, два л/м2 во Струмица, Куманово и еден л/м2 во Охрид, Прилеп, Берово и Крушево.
До крајот на денот, како што велат од УХМР, ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа