Најавени четири капитални проекти во Неготино

Почеток на реализација  на 4 капитални проекти оваа година, кои се од витално значење за остварување на основната цел – подобрување на условите за живеење на сите граѓани од општина Неготино, најави денеска  градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.

- По завршување на проектот „Хидраулични регулирање на притисокот на водата“ кој ги даде очекуваните резултати преку укинување на дневните и ноќните редукции и обезбедување 24 часовно континуирано водоснабдување во Неготино, ќе се започне со уште 2 проекта за создавање услови за уште поквалитетно водоснабдување, соопшти тој.

Еден од нив е реконструкцијата на водоводната мрежа на 15 улици во градот во должина од 8 километри со цел за отстранување на постоечките дефекти и намалување на загубите на вода. Вториот е изградба на 2 нови резервоари за вода и тоа во Пепелиште со капацитет од 150 м3 и во Тимјаник со капацитет од 300 м3, со што покрај решавањето на проблемот со водоснабдувањето во овие две села, дополнителни количини вода ќе се обезбедат и за граѓаните на Неготино.

- Исто така, оваа година се планира да започне изградбата на станебно-деловен објект, градски пазар и паркинг-простор на местото на руинираната сала ДТВ Партизан, а после долги години се очекува да започнат работите за асфалтирање на патниот правец Горни Дисан – Вешје, додаде градоначалникот. 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега