Самарас: Грција треба да обезбеди завршување на оценката од мисијата на тројката за да добие пари од ЕЦБ

Грција треба да обезбеди завршување на оценката на нејзините финансии од мисијата на тројката меѓународни кредитори, за да добие пари од Европската централна банка (ЕЦБ), изјави денеска грчкиот премиер Андонис Самарас.

ЕЦБ реши да преземе проширена програма за олеснувања, во чии рамки банката ќе купува обврзници на земји-членки во износ од 60 милијарди евра месечно. Тоа е за десет милијарди евра повеќе отколку што прогнозираа аналитичарите.

Програмата ќе дејствува до септември 2016 година. Претседателот на ЕЦБ Марио Драги изјави дека банката ќе продолжи да купува грчки државни обврзници, кои немаат инвестициски рејтинг, но Атина треба да ги исполни условите на програмата, договорена со меѓунродните кредитори. 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега