Меркел: Грција да остане дел од „нашата приказна“

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека сака Грција да остане дел од „нашата приказна“ непосредно пред изборите што може да бидат одлучувачки за останатите земји од еврозоната. 

- Во сржта на нашите вредности лежи солидарноста. Сакам Грција наспроти сите тешкотии да остане дел од нашата приказна, изјави Меркел за време на заедничка конференција со италијанскиот премиер Матео Ренци во Фиренца. 

Според анкетите најголеми шанси за победа на предвремените избори во Грција има радикалната левичарска партија Сириза, која најави дека ќе се залага за нови преговори за грчкиот долг. Лидерот на Сириза Алексис Ципрас смета дека Грција нема да биде во состојба да ги отплати своите долгови додека се соочува со фискални проблеми. 

Официјално ЕУ и ММФ веќе порачаа дека во случај Сириза да дојде на власт во Грција, земјата ќе мора да продолжи со исплрата на помошта одобрена за време на должничката криза и да продолжи со реформите.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега