Драма во Белград: Либиски студенти упаднаа во Амбасадата на Либија (ФОТО)

Околу 50 либиски студенти, кои во текот на денот упаднаа во Амбасадата на Либија во Белград, излегоа од дипломатското представништво.

Според информациите, студентите барале остварување на нивните права, и побарале смена на нивниот претставник Абдула Дежели поради корупција.

Студентите тврдат дека Дежели одлучувал на кој факултет ќе одат, што ќе студираат, кај кој лекар ќе се лечат, ги праќал на најефтините клиники и ги присвојувал парите наменети за студентите.

Либиските студенти откако упаднале заземале една просторија во Амбасадата, додека дипломатскиот персонал бил во друга просторија.

Околу 20-30 полицајци присутни пред Амбасадата не можеле да реагираат бидејќи се работи за дипломатско представништво.

Во Србија има околу 400 студенти од Либија.

 

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега