Ненад истакнал дека Јовиќ бил толку пијан што кога дошла Брзата помош тој почнал да се смее и твдел дека таа се лизнала а дека тој ја "закачил" само по раката.
-Полицијата дури сакаше да го пушти да влезе во автомобилот за да си оди дома. За среќа, обвинителството не дозволи. Никогаш не сум правел проблеми и нема да правам. Сега Јовиќ седи дома и ме пријавува во полиција дека го малтретирам. Него не го приведоа, а мене секојдневно ме предупредуваат за однесувањето. Полицијата дури и ми изврши претрес во куќата надевајќи се дека ќе најде оружје, признал сопругот на Драгана, Александар.
Драгана ќе биде погребана денеска а нејзините три деца нема да присустуваат на погребот бидејќи татко им ги однел кај својата тетка во соседното село.