Депозитите во банките 286.028 милиони денари - кредитите 255.554

Граѓаните и фирмите во банките и штедилниците на крајот на 2014 годината чувале 286.028 милиони денари. Од нив депозити во денари биле 170.521 милион, а во странски валути 115.507 милиони денари. 

Според податоците на Народната банка на Република Македонија, домаќинствата односно физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд, во банките и штедилниците имале депозити во износ од 203.607 милиони денари, од кои во денари се 106.398 милиони, а во странска валута 97.272 милиони денари. 

На крајот на минатата година вредноста на кредитите изнесува 255.554 милиони денари. Во денари се 199.143 милиони, а во валута 56.412 милиони денари. 

Задолжувањето на домаќинствата односно физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд изнесува 107.070 милиони денари, од кои 100.743 милиони се во денари, а 6.327 милиони во странска валута.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега