Вонредна инспекција ќе ја чешла Општина Центар

 

Денеска попладне, Државниот инспекторат за локална самоуправа (ДИЛС) ќе спроведе вонредна инспекција во Општина Центар. Целта на инспекторатот е да ја разгледа работата и начинот на кој се носат одлуки во Општината на чие чело е Андреј Жерновски.

Неофицијално, Инспекторатот одлучил да појде во Центар, откако низа предлог-одлуки на Жерновски и Советот на општината ја “стресоа“ македонската јавност и предизвикаа масовни протести пред општината.

Вчера, советничката група на ВМРО ДПМНЕ во општината, поднесе претставка до Државниот инспекторат поради нарушување на процедурата од страна на претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ.

најчитано сега