Македонската филхармонија ќе настапи во Гевгелија
Вечерва Македонската филхармонија ќе одржи концерт во Народниот теaтар во Гевгелија под диригентство на Борјан Цанев. Солист ќе биде младата сопранистка Гонца Богоромова.
На програмата се дела од Манчев, Зографски, Росини, Хендл и Моцарт. Филхармонијата оваа година ќе ја заврши концертна сезона на 20 јуни со традиционалниот концерт „Види музика, слушни слика, добиј книга“ во Градскиот парк во Скопје.
ФОТО: mtv.com.mk