Дебакл на штрајкот на Јаким Неделков

Ништо од најавите за генерален штрајк на СОНК. Претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков, денес беше соочен со дебакл.

Наставниците од цела Македонија, денес си држеа настава и го започнаа второто полугодие. Во најголемиот дел од градовите низ нашата земја, немаше штрајк, туку редовна настава од страна на совесните професори. Исклучок имаше само во Струмица и Куманово.

Во општина Охрид има 13 училишта со 734 вработени. Од нив штрајкуваа само двајца наставници.

Од 1021 вработен во 16 училишта во Прилеп, не штрајкуваше ниоту еден.

Во Штип имаше најава за штрајк на 7 наставници. Но, и тие се откажаа. Па така, во Штип денес беа на работа 762 вработени од 11 училишта.

Во Битола штрајкуваа 50-тина од вкупно 1397 вработени низ 19 училишта.

Ниту еден вработен во училиштата во Кавадарци, денес не штрајкуваше. Сите 591 вработен од 10 училишта беа на работното место.

Само еден вработен штрајкуваше во Валандово. Останатите 275 вработени во 3 училишта си беа на работното место.

 Нема генерален штрајк ниту во останатите општини низ Македонија, освен во оние две каде има градоначалници на СДСМ. Во Куманово штрајкуваа сите наставници освен по 2-3 од секое училиште. Наставниците од Струмица, освен 5 исто така беа на штрајк.

Ниту еден наставник не излезе на штрајк во Виница, Пехчево, Гевгелија, Радовиш, Неготино, Свети Николе, Кривогаштани, Дебар, Желино, Крушево, Липково, Пласница, Врапчиште, Берово, Пробиштип, Босилево, Василево, Новаци, Демир Капија, Сопиште.

Во Крива Паланка штрајкуваа само 3 наставници, во Дојран само 2.

Штрајкот на СОНК пропадна, фијаското на синдикатот е пропаст и за СДСМ. Низ целата држава има непречена настава, единствено само во Струмица и Куманово каде со притисоци и закани наставата е прекината.

 Членови на СОНК од повеќе градови ширум Македонија, изминативе денови јавно изразија несогласување со одлуките на претседателот Јаким Неделков. За нив, одлуката за штрајк е единствено во функција на промоција на самиот претседател во пресрет на изборите закажани за октомври.

Ваквата нивна одлука денеска се покажа на дело, штрајкот на СОНК пропадна и синдикатот не доби поддршка за истиот. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега