Груевски- Мета: Македонија и Албанија ќе ги продлабочуваат економските односи

Премиерот  Никола Груевски, денес оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета.

На средбата беше дадена позитивна оценка за билатералните односи кои се карактеризираат со средби на највисоко ниво. Двете страни ја изразија својата посветеност кон европските и евро-атлантските интеграции како клучни стратешки определби на двете земји.

Соговорниците ја истакнаа својата заложба за унапредување и продлабочување на економските односи, трговската размена и соработката на реализацијата наинфраструктурни проекти.

Премиерот Груевски се осврна на реформите кои ги спроведува Владата. Тој истакна дека Република Македонија е посветена на натамошното унапредување на добрососедските односи со Република Албанија и за интензивирање на меѓусебната соработка. Беа истакнати нашите тековни инфраструктурни проекти на Коридорот 8 кои ќе придонесат за подобрување на меѓусебната поврзаност, олеснување на протокот на патници и стока, како и засилување на трговските односи. Се истакна изградбата на автопатот Кичево – Охрид, подготовките за изградба на автопатот Гостивар – Кичево по пат на концесија, како и подготовките за изградба на железничка пруга до албанската граница. Беше наведена подготвеноста на Владата за дополнително енергетско поврзување помеѓу двете земји, за чие финансирање постои интерес и од страна на Европската банка за обнова и развој.

mkalb-vladaa

Претседателот на албанското Собрание Мета изрази позитивни оценки за работењето на македонската Влада, особено на полето на привлекување на странски инвеститори, како и во областа на земјоделието и безбедноста на храната истакнувајќи дека преземањето на нашите искуства од овие сектори може да е од интерес за Република Албанија и изрази подготвеност за зајакнување на соработката. Тој го истакна и интересот на Република Албанија за железничко поврзување на двете земји како особено значајно за подобрување на меѓусебната трговија, но и за трговијата со останатите земји од регионот.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега