На генерален штрајк само едно училиште од Скопје

Ниту наставниците од сите училишта ширум Скопје, не го поддржаа генералниот штрајк поттикнат од СОНК и претседателот Јаким Неделков.

Од вкупно 21 средно училиште во главниот град, во вкупно 14 немаше никаков штрајк и наставата се одвиваше без никаков проблем.

Во шест училишта имаше делумен штрајк.

Така во „Орце Николов“ штрајкуваа 14 наставници, во „8-ми септември“ 5 наставници, а во „Владо Тасевски“ штрајкуваа 20 наставници.

Во хемиското средно училиште протестираа само наставниците Албанци, а ниту еден нивни македонски колега. Во „Цветан Димов“ на штрајк се 5 наставници, а во АСУЦ штрајкуваат 25 наставници.

Целосен штрајк има само во „Зеф Љуш Марку“.

Во останатите 14 средни училишта во Град Скопје, не штрајкува ниту по еден наставник, пишува Курир.

 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 13:34
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега