Со мотор се забил во „Фиат Пунто“ - загина малолетник во Охрид

16 годишно момче вчера загина во сообраќајна несреќа во Охрид. Од полицијата инфомираат дека несреќата се случила кога моторот со кој управувал малолетникот се судрил со автомобил „Фиат Пунто“ со охридски регистерски таблички. Сообраќајката, информираат од полицијата, се случила близу пекарата „Габреш“ на улицата „Момчило Јорданоски“. Моторот се движел кон населбата Бараки, а „Пунтото“ се приклучило од споредните улици на „Момчило Јорданоски“

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

 

најчитано сега