Бесплатна крштевка за секое 3-то родено дете во Брегалничката епархија

130 деца, за година и пол, кои се трета, четврта или петта рожба во семејствата, свештениците од Брегалничката епархија ги крстиле бесплатно.

Традицијата, востановена од средината на 2013 година, ја практикувавме лани и продолжуваме и во оваа 2015, тврди протојереј ставрофор Николче Горгев.

Основната цел за договорот на свештенството со надлежниот митрополит на епархијата г. Иларион, бесплатно да се крсти секое трето, четврто, петто дете во едно семејство, е намалување на трошоците кај многудетните семејства, притиснати од актуелниот социјален момент.

Во истовреме, бесплатното крштевање треба да преставува и своевиден поттик за православните родители и нивните деца, како и тие, да бидат лојални христијани.

Брегалничката епархија е единствена помеѓу останатите во МПЦ ОА, која практикува ваков  начин на крштевање без никакви трошоци за семејствата. Искрено се надеваат дека во блиска иднина, состојбата ќе се промени, нивниот пример ќе го следат и останатите епархии.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега