Деспотовски: Гласовите за Димитриевски се од разочарани членови на СДСМ – „раководството треба да подаде рака кон избирачите кои гласале за Максим“


Гласовите за кандидатот за претседател Максим Димитревски биле од разочарани членови на СДСМ, истакна 
Јован Деспотовски од СДСМ денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21.

 

„Да бидеме реални, ако гледаме како бројка вклучително и тие што ги освои нашиот кандидат, гласачкото тело е тука, и тоа е една охрабрувачка порака за сите оние кои што гравитираат околу СДСМ“, вели Деспотовски.

Тој додава дека клучното прашање е што треба сега да направат.

 

„Новото партиско раководство дефинитивно треба да подаде рака кон избирачите, кон нашите членови кои што во првиот круг,а дел од нив и во вториот круг сега, заокружиле за Максим Димитриевски“, додаде Деспотовски.

30.04.2024 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега