МОН: Учениците ги добија своите стипендии

 

Министерството за образование и наука денеска извести дека во соработка со Министерството за финансии во целост се исплатени финансиските средства на корисниците на стипендии, како што се стипендиите за ученици од социјалните категории, најталентирани ученици, талентирани спортисти, ученици со посебни потреби и за ученици-деца без родители.

Со одлука на Владата на Република Македонија, висината на сите стипендии за оваа учебна година е зголемена за 500 денари, односно наместо досегашните 1.500 денари колку што во минатото изнесуваше стипендијата за учениците од социјалните категории, сега таа изнесува 2.000 денари.

Така, стипендијата во категоријата најталентирани ученици изнесува 2.700 денари колку што изнесуваат и стипендиите за талентирани спортисти, а корисниците на стипендиите за ученици со посебни потреби и ученици-деца без родители оваа учебна година добија месечна надомест во висина од 2.500 денари.

ФОТО: Нетпрес 

 

 

најчитано сега