Товарен брод доживеа несреќа во близина на турското пристаниште Самсун

 

 Товарен брод, кој пловел под знамето на „Сент Китс и Невис“ доживеа несреќа недалеку од турското пристаниште Самсун во Црно Море, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Поради бурата која ја зафати областа, бродот „Галф Рио“, кој пловеше од Украина, се наведнал на едната страна и во него почнала да навлегува вода. Лошото време и бурното море не им дозволуваат на спасувачките тимови да се доближат до бродот. Побарана е помош од воздух.

На палубата на бродот, долг 90 метри, има десетчлен екипаж. Пловилото, кое превезува соја, се наоѓа на околу 50 метри од брегот.

Спасувачката акција продолжува.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега