Мртва трка меѓу Јосиповиќ и Грабар Китановиќ

 

Кандидатите за претседател на Хрватска од редовите на Социјал демократската партија (СДП) Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китановиќ од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) се во мртва трка за позицијата шеф на државата.

Анкетата која ја спроведе агенцијата Промоција Плус за хрватската телевизија РТЛ, потврдува дека се работи за најнеизвесните избори во Хрватска и оти граѓаните се целосно поделени меѓу двајцата кандидати.

Пред вториот круг од изборите, а по ТВ дуалот кој го следеа над 800 илјади граѓани, Јосиповиќ и Грабар Китановиќ се оценети со „цврсти тројки“, со тоа што Јосиповиќ доби за нијанса подобра оценка во однос на Грабар, 3,11 наспроти 3,07.

РТЛ објави дека кандидатката на ХДЗ добила повеќе петки од актуелниот претседател, кој добил еднаков број тројки, многу повеќе „многу добар“, но и значително повеќе двојки.

Кога станува збор за впечатокот на граѓаните од дуелот, и тука се води мртва трка. настапот на Јосиповиќ за позитивен го оценија 51 отсто од испитаниците, додека за Грабар Китаровиќ се пределија 50 проценти од анкетираните.

Лош впечаток актуелниот претседател оставил на 30,3 отсто од граѓаните, додека 28,3 проценти негативно ја оцениле Грабар Китановиќ. 

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега