Мешалка за бетон уби радовишанец

 

39 годишен градежен работник вчера загина од струен удар во радовишко.

Вчера попладне во 16 часот, работникот Драган С. починал додека извршувал градежни работи на куќа, информираат од МВР. Тој бил пренесен во радовишкиот Здравствен дом, каде била констатирана смртта.

Од полицијата информираат дека радовишанецот изведувал градежни работи на куќа, кога во еден момент, ја фатил мешалка за бетон, го  удрила струја и починал.

 

најчитано сега