Дачиќ: Никој не бара веднаш да ја усогласиме надворешната политика со ЕУ

Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави денеска дека никој од Србија не бара веднаш во согласност да ја усогласи својата надворешна политика со политиката на ЕУ, јави Танјуг. 

- Имаме обврска дo приемот во ЕУ да ја усогласиме нашата надворешна политика. Не верувам дека идната година ќе влеземе во ЕУ, така што не верувам дека идната година ќе ги усогласиме сите наши поглавја со барањата на ЕУ, рече Дачиќ.

- Бидејќи, да е тоа така, веќе ќе бевме во членство на ЕУ, истакна шефот на дипломатијата и нагласи дека „тоа никој од нас не го ни бара, затоа да не раскажуваме самите за нешто што не постои како барање“.

Постои став дека Србија треба „постепено да ја усогласува својата надворешна политика со политиката на ЕУ, појасни Дачиќ и укажа дека надворешна политика на Србија е усогласена со европската, освен во делот што се однесува на санкциите кон Русија. 

- Нема никакви причини да има некаков притисок, ниту досега го имало, истакна Дачиќ.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега