Грчкиот парламент ни во третиот круг не избра претседател

Грчкиот Парламент денеска ни во третиот круг на гласање не успеа да избере нов претседател на Грција, со што се отвора патот за одржување на предвремени парламентарни избори во земјата во февруари идната година. 

Единствениот кандидат за нов шеф на грчката држава Ставрос Димас, кој беше поддржан од партиите од владејачката коалиција, доби 168 гласа или 12 помалу од неопходните 180 за да биде избран.

Бидејќи Парламентот ни по денешното гласање не успеа да избере шеф на државата, согласно грчкиот Устав, сега ќе следи негово распуштање и одржување предвремени избори, на кои според анкетите на јавното мислење, се очекува победа на опозициската екстремно левичарска Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА).

Партијата ветува дека ако дојде на власт ќе го преразгледа договорот со меѓународните кредитори, што може да го загрози опоравувањето на кревката грчка економија, која неодамна излезе од повеќегодишната рецесија.

Во текот на викендов грчкиот премиер Андонис Самарас апелираше до пратениците да го поддржат Димас, додавајаќи дека нема намера да прави нови отстапки во врска со рефомите и изразувајќи увереност дека неговата Нова демократија би победила на предвремени избори.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега