ФОТО: Едно лице загина во верижен судир на 51 возило

Тешка сообраќајна несреќа се случила на Приморскиот автопат во Словенија, а според последните информации, едно лице го загубило животот.

soobrakajka-slovenija-500

Портпаролот на полициската управа на Копар, Анита Лесковац, изјавила дека во несреќата учествувале 46 автомобили, три камиони, едно комби и еден автобус.

-Седум лица се повредени, а едно лице починало, изјавила портпаролката на полициската управа на Копар, а пренесуваат словенечките медиуми.

Несреќата се случила околу 13:00 часто, а причинината била невремето и обилниот снег. Овој автопат се уште е затворен за сообраќај.

soobrakajka-slovenija2-500

soobrakajka-slovenija3-500

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега