Тахири: Србија не може да влезе во ЕУ без да го признае Косово

Министерот без портфељ во косовската Влада, Едита Тахири, во интервју за весникот „Епока е ре“, изјави дека Србија не може да влезе во Европската унија без да го признае Косово, соопшти Танјуг.

Зборувајќи за Сојузот на српски општини, Тахири рече дека тој не може да има извршни надлежности.

Тахири подвлече дека Србија треба да заборави за членството во ЕУ додека не ја признае независноста на Косово. Таа додаде дека Србија треба повторно да ги прочита принципите од Бриксел со оглед на тоа дека принципот на добрососедство се бара од членките на ЕУ. 

Зборувајќи за политичкиот дијалог со Србија, што ќе се обнови во текот на февруари 2015 година, Тахири изјави дека уште на првата средба Косово ќе побара од Белград да ги почитува веќе постигнатите спогодби во рамки на процесот на нормализација на меѓудржавните односи.

Тахири рече дека освен премиерот Иса Мустафа, кој ќе го води политичкиот дијалог со Србија, дел од косовската екипа ќе биде и  вицепремиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи.

Откако ќе се реализира Бриселскиот договор, Приштина ќе инсистира на отворање на темата за репарации за војната и за наследството меѓу Србија и Косово, изјави Тахири.

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега