Грчкиот Парламент не успеа да избере претседател во вториот круг од гласањето

Грчкиот Парламент не успеа денеска да избере претседател во вториот круг од гласањето. 

Поранешниот еврокомесар и кандидат на владејачката коалиција 73-годишниот Ставрос Димас го поддржаа 168 пратеници, а за негов избор беа неопходни 200 гласови во 300-члениот Парламент. 

 

Последниот, третиот круг од гласањето ќе се одржи на 29 декември, кога за избор на шеф на државата се потребни 180 гласови.

Доколку и во третиот круг не биде избран претседател, Парламентот ќе биде распуштен и во земајта ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега