Илиќ: Пред десет години исчезнаа доказите кој и како изнел пари од Србија во Кипар

 

Доказите за тоа кој и кога и како однел милијарди од Србија на Кипар исчезнаа пред десет години, изјави министерот за градежништво и урбанизам Велимир Илиќ.

– Целокупниот извештај за кипарските пари, Борка Вучиќ и јас го предадовме на Владата на Србија и оттогаш се губи секаква трага. На Кипар со нас беа претставници на НБС и полицијата, изјави тој во интервју за Информер.

– Најлошо е што во согласност со тој документ можеше да се врати голема сума пари, но не е вратен ниту динар, нагласува Илиќ. 

– Многу време помина, и се сомневам дека во тоа ќе се успее, изјави Илиќ. 

најчитано сега