Разбиена мрежа за шверц на хероин со база во Македонија

 

Полициите на Македонија, Австрија, Германија и Холандија, во координација на Европол, разбија мрежа за шверц на хероин, која дејствувала претежно во Македонија.

Истрагата се водела од 2010 година, соопшти европската полициска служба Европол. Во рамки на операцијата се уапсени близу 400 осомничени лица. Кoнфискувани се 100 килограми хероин, како и кокаин, канабис и пари.

Kриминалната група која шверцувала хероин дејствувала од нејзината база во Македонија, но и од Австрија и од Германија, а дрогата низ Балакнот и преку Словенија ја внесувале во земјите од ЕУ.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега